речник контакт

Тројца ново заразени со ковид-19, меѓу нив и докторка од приватното здравство, како и тригодишно дете

Четири лица се оздравени. На инфективното одделение во велешката Болница има хоспитализирани 11 потврдени позитивни лица и две кои чекаат резултати

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден во велешко има тројца ново заразени а оздравени се четири лица, информираа од Центарот за јавно здравје од Велес. Со ова бројот на активни случаи во велешко е  27 пациенти.

Имаме еден случај на позитивен лекар од приватното здравство, едно тригодишно дете- внуче на заразен и едно лице од фамилија која претходно беше позитивна, кое беше дома во изолација. Тоа немаше симптоми но само иницијативно се тестирало на приватна клиника во Скопје, асимптоматично но резултатите покажале дека е позитивен. Имаме четири лица кои се оздравени, откако биле негативни на два последователни теста. Тие биле  на домашно лекување  -изјавија од Центарот за јавно здравје од Велес. 

Докторката од приватната амбуланта се заразила од пациентката од Бузалково, која  била на лекарски преглед, а по  некој ден подоцна  ден во лоша состојба беше донесена на Инфективното одделение од Велес а потоа препратена на ГОБ 8-ми Септември Скопје каде резултатите покажале дека е позитивна.  Во оваа болница  се хоспитализирани три позитивни со ковид-19 од велешко.

На Инфективното одделение од велешката Болница  има хоспитализирано 11 потврдено позитивни лица и две со симптоми за кои се чекаат резултати.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »