Петар Печков
Објавено: недела, 28 март 2021
Во велешко има нови 37 пациенти позитивни на ковид-19 а податокот за оздравени ќе биде објавен утре, оти денес софтверот се надградувал и нема точна бројка. Ова го објавија од Министерството за здравство. Со ова во велешко има активни 693 лица а досега се заразиле 4.373 граѓани.
„Починати се тројца пациенти, на 71 годишна возраст хоспитализиран еден ден, на 51 годишна возраст хоспитализиран четири дена и 66 годишна возраст хоспитализиран десет дена на Инфективно одделение, сите од Велес“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 78 пациненти, од кои 63 се потврдени позитивни, девет сомнителни и шест пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 26 пациенти. На Инфективно одделение има 54, на Интерно десет и во Модуларна болница 14 лежечки пациенти.
Tweet |