Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 ноември 2020
Во велешката Болница изминатото деноноќие починати се тројца пациенти, позитивни на кводи-19.
Двајца од нив се oд Велес еден е oд Свети Николе, информираа од оваа здравствена институција.
Вчера попладне починал еден пациент, маж од Велeс на 89 годишна возраст а вториот е исто така маж но од Свети Николе на 68 годишна возраст.
Утринава е регистриран уште еден смртен случај, на маж од Велeс на 51 годишна возраст.
Бројот на починати жители од велешко позитивни на ковид-19 стигна до 45 лица.
Tweet |