речник контакт

Тројца скопјани затекнати како крадат во ХИВ

Краделе бакарни кабли

Петар Печков

Велешката полиција, во понеделникот претпладне,  уапсила три лица, сите од Скопје, како крадат од поранешната фабрика за вештачко ѓубре ХИВ.

„На 27 февруари  во 08.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Г.(31), Г.Б.(33) и Н.Е.(37), сите од Скопје. Тие биле затекнати во фабрика во Велес како сечат одземени бакарни кабли“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес

Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициската станица во Велес. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следи соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »