речник контакт

Тројцата велешани кои настапија на СП за младински категории во карате во Венеција, поразени во прво коло

Настапија во У-21 Марко Поптодоров, во кумите јуниори до 68 Хасан Чоревски и кај кадети Борјан Јаневски во кати. Единствен медал за карате репрезентацијата за Стефан Стојановиќ

Петар Печков

Тројцата велешки каратисти во младински категории, кои учествуваа на СП во карате во Венеција, Италија, за У-21, јуниори и кадети, забележаа три порази и се елиминирани уште во првата фаза.

Кај У-21 кати, Марко Поптодоров, загуби во елиминациите во првото коло од Кензалиев од Узбекистан, во група 1. Тој потоа загуби во следната рунда.

Во кумите борбите за јуниори до 68 кг, Хасан Чоревски загуби од Ерменецот Хачатријан со 4:1 во група 2. Неговиот противник следното коло беше елиминиран.

Борјан Јаневски во кати кадети загуби  во првото коло во група 3 од Мариоти од Сан Марино. И неговиот противник беше елиминиран во следното коло.

Од македонските репрезентативци на ова СП медал освои Стефан Стојановиќ бронзен, во категоријата над 84 килограми во У-21. Македонија настапи со 35 каратисти

На СП учествуваа 1990 спортисти од 113 држави.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »