Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 август 2006
- Се работи за еден од најнеистражуваните и до скоро непосетените делови на Македонија, но ретко убав предел. Луѓето го препознаа и со тоа докажуваат дека одлуката тука да изградиме планинарски дом е оправдана-вели Игор Смилев, претседател на Еколошката групација „Зелена сила“ која стопанисува со домот во Папрадиште, кој работи неполна година. Тој има капацитет од 30 легала, санитарен јазол, купатило а цената за ноќевање е 150 денари.
Слична е состојбата и во новоотворениот хотел „Моника“ во Богомила, со капацитет од 32 легла во 12 соби, сопственост на невладината организација „Галеби“. Летово има гости од цела Македонија, моментално дваесетина млади од Куманово. Тие се презадоволни од условите што им ги дава објектот, дво-три и четири креветни соби со купатила и телевизија со сателитска програма. Комплет пансион, спиење со три оброка чини 680 денари, летна дискотека и ресторан. Во вечерните часови тука се собираат младите од сите околни места, забава до бесвест велат. За гостите домаќинот организира посета на манастирите во Теово и Согле, изворите на Бабуна и планинарскиот дом Чеплес.
Тој пак сместен во висока букова шума на 1500 метри надморска височина, со извонреден планински амбиент е домаќин не само на македонски посетители, гости летово има и од странство, словаци, срби, хрвати, полјаци, чеси. Стоте легла, чија цена за ноќевање е 120 денари од кревет, се постојано полни. Тие освен што заминуваат на посета на врвот Солунска глава висок 2540 метри, одат и на берба на малини, капини, боровинки или планиски чај. Неодминлива дестинација е и Бабина дупка, место создадено за одмор, поглед на реонот на Азот но и посета на истоимената пештера или пак соседната Марина рупа.
Градоначалникот на Општина Чашка, каде се лоцирани сите овие објекти е оптимист дека туризмот во овој крај има перпсектива.
- Реонот на Азот се наоѓа во центарот на Македонија со можност на развој на планинскиот и манастирскиот туризам. Општината поседува атрактивни археолошки локации и споменици на културата кој даваат можност за екскурзии или пак за развој на ловот и риболовот-вели Стојан Маневски, градоначалник на Чашка. Тој посочува дека има и други сместувачки капацитети во Азот, како што се хотелот Горно Врановци и планинарските домови кои сеуште не се доволно популаризирани во селата Ораов дол и Мокрени.
Атрактивни за посетителите се манастирот Св.Богородица во село Согле изграден 1836 и манастирот „Св.Архангел Михаел“ во село Теово обновен неодамна. Таму сместување по кревет чини 300 денари а собата располага со сопствено купатило и телевизор. Сите овие објекти се лоцирани на атрактивни предели од планината Јакупица, Даутица и Бабуна а амбиентот го дополнуваат реките Бабуна и Тополка. Одлична е и сообраќајната поврзаност, бидејќи безмалку до секаде водат асфалтирани патишта, има струја, вода и канализација.
Бројните гости, кои годинава го открија Азот како нова дестинација за планински и манастриски туризам, даваат надеж дека реонот ќе заживее а туризмот ќе биде носечка гранка.

Tweet |