речник контакт

Турнир во кик - бокс во Велес

Членови на 15 клуба на 7-ми октоври ќе учествуваат на голем боречки турнир во салата Гемиџии

Петар Печков

 На 7-ми октомври во спортската сала Гемиџии ќе се одржи турнир во кик бокс. Турнирот ќе биде ревијален и организаторот најавува невиден спектакл во Велес, со  учество на борци од 15 клубови од Македонија. Тие ќе се натпреваруваат во две дисциплини лоу кик каде ќе има 10 борби  и ММИ ќе има пет борби.

Во Лоу кик дисциплината дозволени се удари под појас во предел на нозете, но и со нога во предел на телото и главата. Натпреварувачите имаат само заштитни ракавици ,бермуди , суспензор. Во ММА дозволени се удари и со лакт и  со колено - објаснува Раде Стефановски од ,,Будо,, клубот кој е организатор на оваа ревијална манифестација.

Тие досега имаат настапувано на повеќе вакви турнири низ Македонија, се пофалија дека имаат одлични резултати и сега сакаат да се претстават и пред домашната, велешка публика. За таа цел билетите се веќе пуштени во продажба а за гледачите ќе бидат пуштени и подвижните  трибини зад головите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »