Петар Печков
Објавено: недела, 12 септември 2010
Во Младинскиот парк на големо изненадување на присутните невладината организација ,,Јени Хајат,, на големата софра им понуди многу видоа јадења кои секојдневно се на домашната трпеза, а малкумина велешани го знаеле нивното потекло дека но потекнуваат од Турција.
Сакавме големиот муслимански празник Рамазан бајрам да им го доближиме на нашите сограѓани и да им ја претставиме турската кујна. Нашите традиционални јадења од турската кујна, сограѓаните од христијанска вероисповед ги знаат и често ги подготвуваат но не верувам дека го знаеја нивното потекло. Сите јадат колпиде, кое вие го именувате зелник, така што имаме многу заеднички вкусови во храната. И затоа е добро на овој начин подобро да се запознаеме, бидејќи оваа храна на крајот е традиционална македонска – изјави Бесим Ахмедов претседател на невладината добротворна организација ,,Јени хајат,, од Велес
Турли тава, елбасан тава, мусака, сарма со винова лоза, беа дел од подготвените јадења. Сепак поголем интерес имаше за благите, татлии, раванија, баклава, гриз алва кои бргу исчезнаа од тавите. Велешани го поздравија овој настан.
Ова е убава можност да се запознаеме со традиционалната кујна на нашите соседи, пријатели, сограѓани. Храната е нишка која ги спојува луѓето до Балканот - изјавија велешани, присутни на манифестацијата која беше збогатена со турски ора и песни.
Tweet |