речник контакт

Тутунарите на улица

Пет часа блокиран магистралниот пат Велес - Штип, поради незадоволство на тутунарите од откупната цена

Петар Печков

 Велешките тутунари го блокираа магистралниот пат во правец кон Штип, незадоволни од откупот на тутунот. Тие бараат средба со премиерот и министерот за земјоделие за да си ги кажат нивните маки, бидејќи единствен извор на приход им бил тутунот. Во селата од каде доаѓаат се жалат дека откупните пунктови не работат.

Маката не изнесе на улица, никој не може зорле да не натера, ако не е во  прашање егзистенцијата на фамилијата. Со овие пари што откупувачите ги нудат не можат да се покријат трошоците за се што вложивме во производството а не и да има за живот цела година за десетина членови. И моите деца сакаат д бидат облечени, дотерани да одат на училиште со џепарлак ама на можам тоа да им го дадам – вели производител од велешкото село Бузалково, каде сите 300 семејства и илјада жители,  живеат од одгледување на тутун.

На протестот беше и Имер Латифов од Горно Јаболчиште, каде за прв пат се одгледа тутун што е реткост поради тоа што селото е на илјада метри надморска височина. И неговиот род е неоткупен, чека подобра цена. Подобра цена чека и  Алија Шаинов кој има род од 20 тони и вложил 30 илјади евра а досега не продал ниту еден килограм.

Слична е состојбата и во селата Клуковец и Сливник, чии тутунари се најдоа на барикадите на патот Велес – Штип. За да ги избегнат чекањето, возачите го користеа селскиот пат кај езерото Младост па така застој  немаше, но патниците мораа да возат по тежок земјен пат. За утре ( вторник) тутунарите најавија дека ќе го сопрат сообраќајот на автопатот Скопје – Гевгелија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »