речник контакт

У том Сомбору

Едногласно со 21 гласа ,,за,, советниците на Општина Велес ја донесоа одлуката да се збратими со општина Сомобор.

Петар Печков

Одлуката е донесена  на иницијатива на госпоѓа Лилјана Соколова Џокиќ, велешанка која живее и работи во Сомбор, Војводина - Република Србија, Градоначалникот на Општина Спмобор, Немања Делиќ покажа особен интерес за воспоставување на соработка и збратимување со Општина Велес. Општина Сомбор  е лоцирана во северозападниот дел на Република  Србија и опфаќа површина од 1,178 км2. Според последниот попис  на населението, градот има 51.471 жител.

Општината која опфаќа вкупно 16 населени места брои 97.263 жители од кои 167 се македонци. На подрачјето на општината  живеат различни етнички заедници како Срби, Унгарци, Хрвати и  други. Општина Сомбор е препознатлива  по грижата за зеленилото и специфичната староградска архитектура која датира од 18-от и 19-от век  како и сакралните објекти.

Таа е збратимена со општините Баја и Кипест од Унгарија, Осијек и Вуковар од Хрватска како и  Тузла од БиХ .По донесувањето на одлуките, Градоначалниците на двете општини ќе ја потпишат Европската заклетва за збратимување.

Општина Велес неодамна, на први март, се збратими и со општината Новогард од Полска.

Низ неколку фотографии, Сомбор денес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »