речник контакт

УЈП бара пари за и за платени сметки

Од таму вината ја препишуваат на корисниците, кои неточно ги пополниле уплатниците!

Петар Печков

Стотици граѓани добија опомени од Управата за јавни приходи (УЈП) за неплатена радиодифузна такса, иако повеќето уредно ја намириле давачката. Пред шалтерите во  на УЈП во Велес   редица незадоволни граѓани, кои со платените сметки в раце дојдоа да проверат за што станува збор и да ја разрешат ситуацијата.

Тие раскажуваат дека добиле писмени опомени дека доколку не го платат долгот, даночниците присилно ќе им го наплатат. Нервозни и револтирани бидејќи мора да губат време и пари, граѓаните потенцираат дека е несфатливо како може една сериозна државна институција да направи таков превид и да нема евиденција кој навистина платил, а кој не.

Непријатно  се изненадив кога добив известување за неплатени сметки  бидејќи навреме ги плаќам тие за телевизија. Веднаш дојдов да проверам за што се работи и ги донесов сите сметки како доказ. Испадна дека најверојатно имаат некаква грешка во нивната евиденција и дека треба да ја коригираат. Грешката не е моја а морав да се правдам - вели велешанец кој трепливо чекаше во редицата .

Во иста ситуација се најдоа и лица кои однапред платиле радиодифузна такса за шест месеци. И покрај тоа, добиле опомена од УЈП дека должат. За да докажат дека навистина ги платиле сметките, морале да прават фотокопии од сите и да напишат изјава со која потврдуваат дека ја намириле давачката. Граѓаните се лути оти по ова топло време морале  до УЈП и таму  да стојат во ред долго за нешто што не е вина. Едногалсни се  ,,Срамота е вака да не малтретираат,,

Вината за настанатата ситуација во Управата ја гледаат кај граѓаните кои, според даночниците, направиле грешки при уплатата или не ги ажурирале личните податоци во регистарот на МРТ, односно можеби погрешно го напишале фолио-бројот од решението кога ја плаќале сметката или имало грешки во шифрата на обврзникот за таксата во МРТ, погрешен матичен број или други лични податоци при уплатата.

Податоците на кои треба да се повикаат обврзниците при уплата на радиодифузната такса се составен дел на секое решение кое го доставува УЈП. За исправка и за ажурирање на адресата и на личните податоци обврзникот треба да се обрати до МРТ. Вршењето уплати со погрешни податоци, како и ненавремено ажурирање или исправка на податоците во МРТ секако се одразува и врз евиденцијата за наплатата, за што обврзникот ќе мора да приложи доказ во УЈП - велат од Управата.

Оттаму напомнуваат дека доколку граѓаните кои не плаќаат не го намират долгот за радиодифузна такса, по опомените ќе следува и присилна наплата, која повлекува и други дополнителни трошоци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »