Петар Печков
Објавено: недела, 13 март 2011
Управата за јавни приходи информира дека утре и задутре сите даночни канцеларии низ Републиката ќе работат со продолжено работно време, односно граѓаните ќе можат да ги поднесуваат даночни пријави до 20 часот.
Според последните податоци до УЈП се поднесени околу 100 илјади годишни даночни пријави.
Во последните два дена, до истекот на законскиот рок - 15 март, се очекува уште над 50 илјади да ги пријават ланските приходи во УЈП, поради што на 14 и 15 март сите даночни канцеларии низ Републиката ќе работат со продолжено работно време, односно од 8:30 до 20:00 часот, се вели во денешното соопштение од УЈП.
Од Управата апелираат до граѓаните со цел избегнување на метежите својата Годишна даночна пријава да ја достават до УЈП преку пошта.
Tweet |