Петар Печков
Објавено: сабота, 02 јули 2016
МВР информираше дека утрово околу 6 часот е откриен случај на криумчарење на мигранти.
Во соопштението на македонската полиција пишува дека од страна на УПС од ПС за ГН„Белановце“, на локалниот пат од с.Речица- с.Ваксинце, при контрола на ТМВ„Волво“ со скопски регистерски ознаки а управувано од М.Д.(35) од Велес, биле пронајдени 73 мигранти.
Лицата биле од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш а М.Д. кој ги превезувал за одреден паричен надоместок. Истиот е приведен,а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Tweet |