Петар Печков
Објавено: среда, 09 февруари 2022
Вторникот попладне во Куманово бил уапсено лице од Велес, ко во овој град извршило серија кражби. МВР со детали за настанот
„На 8-ми февруари во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(20) од Велес поради постоење основи на сомнение дека во текот на месец декември извршил 8 (осум) кражби во угостителски и деловни објекти во Куманово, при што одзел пари и други предмети. Тој ги признал извршените кривични дела и бил задржан во полициска станица“- соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |