Петар Печков
Објавено: петок, 08 април 2022
Велешката полиција уапсила лице за кое се сомнева дека е сторител на разбојништво над старица во нејзиниот дом.
„СВР Велес поднесе кривична пријава против У.Ф.(32) од Велес поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 06.04.2022 физички ја нападнал К.Н.(77) во нејзината куќа во Велес и ѝ одзел пари“- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Од велешката полиција нема детали дали ова дело е едно од бројните кои се случуваат на левата страна од градот, во стариот дел на Велес.
Tweet |