речник контакт

Уапсен велешанец кој се сомничи дека извршил серија кражби во април и мај

Осомничениот крадел од фабрика, од викендички, од семејни куќи

Петар Печков

Уапсен велешанец, кого полицијата го сомничи дека во период од 40 дена, од  21 април  до 28 мај годинава на подрачјето на СВР Велес извршил повеќе тешки кражби и кражби од индустриски погони и викенд куќи.

„На 28 мај (недела) во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.С.(30 год) од Велес. Тој на 21 април  извршил тешка кражба во фабрика во Велес, на 24 април  тешка кражба во викенд куќа сопственост на Г.Ј. во место викано „Долна Брца“, на 28 април  во фабрика во Велес, на 2 мај  тешка кражба во викенд куќа во место викано „Три дола“ сопственост на Г.В., на 16 мај  тешка кражба во викенд куќа сопственост на Д.Б. во место викано „Сариер“ и на 28 мај  тешка кражба во гаража од семејна куќа на ул.„Вера Циривири“, сопственост на Ј.Б. од Велес“.

Дел од одземените предмети полицијата ги пронашла кај А.С. и биле  вратени на сопствениците. По целосно документирање на настаните ќе следува соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »