Петар Печков
Објавено: среда, 08 февруари 2023
Рано утрово, кавадарчанец е уапсен, оти бил баран со потерница, по бегство до затворот од Гевгелија.
„На 8 февруари во 04.30 часот на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Џ.Д.(33 год) од Кавадарци. Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот“ - информира Ристе Самарџиев, портпарол нa СВР Велес.
Џ.Д. ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, додаваат од полицијата.
Tweet |