Петар Печков
Објавено: петок, 17 ноември 2023
Вчера утро, четврток, кавадарчанец со воздушна пушка пукал во куче на соседот. Лицето било уапсено. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 16 ноeмври, во 12.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ќ.С.(48 год) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 5.30 часот пред неговата куќа во Кавадарци пукал со воздушна пушка и погодил куче сопственост на С.Н.(44 год) од Кавадарци“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
На К.С. му била одземена пушката, а тој бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото интернет
Tweet |