речник контакт

Уапсен кавадарчанец при кражба во Велес, ама бил баран оти побегнал од затвор

Лицето било вратено на доиздржување на затворската казна

Петар Печков

Кавадарчанец уапсен поради кражба па констатирано дека побегнал од  затвор. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 3 ноември  во 1 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Ј.(24год) од Кавадарци, затоа што во Велес од двор од семејната куќа на Н.М.(59 год) од Велес, одземал бакарен казан. Предметот бил пронајден и вратен на сопственикот. Известен бил и јавен обвинител, а С.Ј. бил баран и по потерница врз основа на наредба од Основен Суд Кавадарци поради бегство од затвор и истиот бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Гевгелија“ на доиздржување на затворската казна“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »