Петар Печков
Објавено: вторник, 02 мај 2023
Вчеравечер на Железничка станица Велес полицијата уапсила кондуктер, за кого постои сомнение дека учествувал во трговија со луѓе.
„На 1 мај во 19.20 часот на Железничка станица Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(28 год) од Скопје, кондуктер во Железници на Република Северна Македонија. Кај него биле пронајдени вкупно 1.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 418 – б од Кривичниот законик(трговија со луѓе). Претходно, околу 18.30 часот на Железничка станица Кукуричани, неготинско, во патнички воз, кој сообраќал на релација Гевгелија- Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ откриле две лица мигранти од Сирија. Во службен разговор во полициска станица тие изјавиле дека на кондуктерот му дале пари за да влезат во возот“ - соопштија од МВР.
Осомничениот А.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |