Петар Печков
Објавено: среда, 09 март 2022
Младо момче од Штип, кое било на гости кој роднини во Градско, било фатено како краде делови од товарни вагони. Во количка со која пренесува пет амбалажа, полицијата пронашла две метални куки за влечење вагони, тешки заедно околу 50 кг.
„На 07-ми март во 20 часот на ул. Александар Македонски кај железничката пруга во Градско од страна на полициски службеници од ПК Градско бил лишен од слобода Д.И. (22 год) од Штип. Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ од паркираните товарни вагони сопственост на АД „Македонски Железници“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на настанот, против Д.П. ќе следи соодветна пријава, дополнија од полицијата.
Tweet |