Петар Печков
Објавено: вторник, 13 јуни 2023
Во текот на вчерашниот ден уапсен о е лице за кое полицијата се сомнева дека е сторител на три кражби во продавници.
„На 12 јуни полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Т.(27 год) од Велес. Тој се сомничи дека во текот на денот од три продажни објекти во Велес одзел повеќе предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било задржано во Полициската станица Велес“ - соопшти Ристе Самарџиев , портпарол ан СВР Велес.
По целосно документирање на случаите против него, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Tweet |