Петар Печков
Објавено: среда, 25 јануари 2023
Вторникот претпладне, крадец украл пари од чанта на вработена, во зградата на Хигиенски и побегнал. Полицијата го пронашла и го уапсила.
„На 24 јануари во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(30 год) од Велес. Тој се сомничи дека околу 10 часот во една од просториите во зградата на Јавната здравствена установа „Центар за јавно здравје“ на ул.„Лазо Осмаков“ во Велес одзел пари од чанта на една вработена“ - соопштија од МВР.
М.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.
Од страна н вработените , кои вршат дејности во зградата потенцираат дека ова е не прв случај на вакви дрски кражби, бидејќи има лица кои ги користат гужвите по ординациите и влегуваат ги крадат и вработените и пациентите и бегаат.
Tweet |