Петар Печков
Објавено: среда, 11 јули 2007
Велешанецот д-р Никола Нацев (63), началник на хируршкото одделение при Општата болница во Велес, беше уапсен под сомнение дека зел поткуп од 250 евра од пациенти.
Против осомничениот е биде поднесена кривична пријава, а беше изведен пред истражен судија кој му изрече мерка притвор од 15 дена. Хирургот бил откриен по повик на граѓанин на телефонскиот број 199 за пријавување корупција, кој оставил податоци.
Скопската полицијата, која го уапсила хирургот, стапила во контакт со велешанецот и ја договорила акцијата. Тој им рекол дека докторот во својата канцеларија им побарал мито од 250 евра откако извршил операција на жолчка на неговата мајка.
Нацев барал да му бидат предадени парите пред таа да биде пуштена од болница. Полицијата ги обележала парите и му ги дала на велешанецот, кој му ги дал еврата на докторот. Со претходно обезбеден судски налог полицијата извршила претрес во неговата канцеларија, каде што ги нашла парите.
Нацев е претседател на Здружението на лекари на општина Велес, а член е на Советот на Општината, избран од листата на „За Македонија заедно“ од партијата ВМРО-Македонска. Хирургот по изборите преминал во ВМРО-ДПМНЕ. Тој пред 20-ина години беше исто така обвинет за земање поткуп.
Поранешните пратеници во Собранието на РМ, Каме Петров (57) и Ангел Димитров (47), се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба и овластувања, соопшти МВР. Против двајцата се поднесени кривични пријави. Според полицијата, Петров од јануари 2003 до декември 2006 година, спротивно на Законот за пратениците, според кој пратеник не смее да обавува други функции, склучил договори за дело со АД „Благој Ѓорев“ и ЈП „Лисиче“, двете од Велес, како и со АД „Мода“ од Свети Николе за давање правни услуги. Тој приложил фиктивни фактури за наводно извршени работи, за што му биле исплатени околу 600.000 денари на штета на фирмите. Кривични пријави добиле и директорите на овие фирми Б.Б.(45) и Г.Ц. (57) бидејќи ги склучиле договорите и ги исплатиле фактурите.
Петров тврдел дека ги изработил сите работи за кои бил склучен договорот, но на нив немало евидентирана забелешка дека тие биле примени во фирмите. Пратеникот Димитров е осомничен дека го поттикнал директорот на „Мода“ да го склучи договорот со Петров, неговиот колега од Собранието и од партијата СДСМ.
Извор: Дневник

Tweet |