Петар Печков
Објавено: недела, 24 декември 2023
Уапсена група скопјани кои во околината на село Богомила, третирале отпад, за што немале дозвола. На лице место излегол и Државен инспектор за животна средина. Повеќе од информацијата на СВР Велес.
„На 22 декември, петок, во 01.00 часот во село Богомила, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Б.С.(20 год), М.М.(52 год), М.Г.(21 год), Ф.А.(21 год) од Скопје и Н.С.(41 год) од село Богомила, затоа што кај место викано Бистрички Лаки во село Богомила палеле електрична инсталација- кабли, односно третирале отпад за што немале дозвола и на место каде не е дозволено. Од нив е одземено и товарно возило „волво“ со велешки регистарски таблички, и поголема количина на топен бакар“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
За настанот бил известен е јавен обвинител од ОЈО Велес, на лице место излегол Државен инспектор за животна средина, извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР- Велес и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
фото интернет
Tweet |