Петар Печков
Објавено: четврток, 02 февруари 2023
Во текот на вчерашниот ден, среда, уапсени се двајца велешани за кои полицијата се сомнева дека се крадци. Кражбата се случила во близина на гробиштата од црквата Св. Спас.
„На 01.02.2023, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода К.И.(23 год) и И.Б.(69 год) од Велес. Тие се сомничат дека од двор и тераса на две куќи на ул.„Јовче Тикваров“ во Велес одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, против нив, полицијата ќе поднесена соодветна пријава.
Tweet |