Петар Печков
Објавено: петок, 12 февруари 2021
Вчеравечер, четврток, велешката полиција уапсила две лица, откако претходно тие се обиделе да ограбат продавница. По неуспешниот обид, двајцата велешани ја напуштиле продавницата, но вработените веќе алармирале и за кратко време разбојниците биле уапсени.
На 11-ти февруари во 20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода К.Г.(30) и Љ.Ј.(36), двајцата од Велес, затоа што 15-тина минути претходно со закана се обиделе да извршат разбојништво во продажен објект во Велес - информирааа од МВР
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |