Петар Печков
Објавено: петок, 09 април 2021
Утрово уапсени двајца граѓани на Србија, откако биле фатени на дело како вршат превоз на мигранти. При тоа автомобилот со кој се превезувале, излетал од автопат и на повреди се пожалиле пет лица.
„Утрово, петок. околу 6 часот, на излезот од Градско, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ф.(23) од Голем Дол, Прешево, Република Србија, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со српски национални ознаки поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Претходно во 5.30 часот кај клучка Демир Капија, возилото било забележано и на даден знак за сопирање од полициски службеници возилото не застанало, туку ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, а потоа кон Градско. На излезот од Градско М.Ф. изгубил контрола и возилото се превртело. Покрај возачот, во возилото биле пронајдени 12 лица мигранти. Во врска со настанот лишен од слобода е и Ј.А. од Прешево, кој управувал патничко возило „пасат“, со српски национални ознаки, кој бил претходница“ - кажаа од МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Од велешка Болница информираа дека утринава кај нив се донесени пет лица кои имале сообраќајна незгода, но минале со лесни повреди.
„Околу 7 часот утринава од страна на ИМП на одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Велес донесени двајца пациенти мигранти на 18 и 19 години, нешто подоцна уште тројца пациент, двајца мигранти од 20 и 23 години и возачот на 33 годишна возраст. Пациентите се прегледани амбулантски од страна на дежурен доктор, направени се потребните иследувања, истите се здобиле со лесни телесни повреди и не се задржани на болничко лекување“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
фото архива
Tweet |