Петар Печков
Објавено: среда, 27 март 2024
Во текот на вчерашниот ден, вторник 26 март, во Велес, полициски службеници од Полициска станица Велес и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес лишиле од слобода две лица, Е.Ј.(39 год) и Џ.Н.(31 год), двајцата од Велес, осомничени за тешки кражби, нсилно влегување во дом или просторија.
„Уапсените биле барани по централен распис од СВР Велес и се сомничат дека на подрачјето на СВР Велес извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“. Е.Ј. и Џ.Н. се задржани во полициска станица, со нив се извршени службени разговори, за пет кривични дела „тешка кражба“ кои ги извршиле во куќи и правни лица“ – информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
До ОЈО Велес против двете лица била поднесена кривична пријава за „тешка кражба“ а надлежен Јавен обвинител отворил истрага за осомничените.
До Судија на претходна постапка при Основен суд Велес од ОЈО Велес побарана е мерка притвор за Е.Ј. поради можноста да влијае на сведоци, да побегне или да го повтори делото, по што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Потоа бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.
По преземени мерки било утврдено дека вториот осомничен, Џ.Н. бил баран за издржување затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Tweet |