речник контакт

Уапсени крадци кои краделе од дом на велешанец

Уапсени се А.М.(22) и Л.М.(20 год) двајцата од Скопје, со престој во Велес

Петар Печков

Двајца жители на Скопје, кои одредено време престојуваат во Велес, се сомничат дека се сторители на тешка кражба, сторена во стариот дел на градот. Жителите на левата страна на Велес реагираат на бројните кражби кои се случуваат во овој дел на градот.

„На 11-ти  април во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(22) и Л.М.(20), двајцата од Скопје, со престој во Велес. Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што одзеле повеќе предмети од двор од куќа на улица „Кресненско востание“, сопственост на Ф.А.(37) од Велес“- соопштија од МВР.

Иницијалите на лицето Л.М. со иста возраст 20 години, со времен престој во Велес, роден во Скопје,  досега два пати се појавија во билтенот на велешка полиција.

Првиот пот дека е осомничен дека е крадецот на кутијата од „Гостилница Боем“,  со донации за храна за социјално ранливите лица.

Во вториот случај  истото лице, се сомничи дека на  2-ри април,  во 10.10 часот од  Ѓ.П.(81) од Велес во неговиот дом го нападнал  физички, при што му биле одземени пари, мобилен телефон и документи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »