Петар Печков
Објавено: вторник, 28 мај 2013
Рано утрово во шест часот во акција на Организиран криминал уапсени се петмина велешани, еден сегашен судија, двајца поранешни судии, сега адвокати, еден јавен обвинител и еден газда на кафеана близу бензинската на Брако. Во ова акција има уапсени и четворица во Скопје еден новинар, еден поранешен судија на Врховен суд и познат член на скопското подземје. Делото се работи во Скопје во Основен суд еден. Полицијата најави дека подоцна ќе излезе со официјална информација.
Уапсениот судија го водеше судењето за убиството Ореше, обвинителот го застапуваше обвинието во овој предмет, адвокатот беше претходно истражен судија во предметот убиство во Ореше. Сопстеникот на кафеаната не е Софра а петиот уапсен е адвокат, поранешен судија кој водеше стопански предмети.
Tweet |