Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 септември 2023
Велешката полиција во ноќта сабота кон недела уапсила седум лица кај кои била пронајдени различни водови дроги.
Акцијата била спроведена во периодот од 22.00 до 01.30 часот на место викано „Бабуна“ во Велес. Акцијата ја спровеле полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес .
„Полициските службеници постапувајќи по претходно изготвен план за „Безбедно лето 2023“ и на местото, каде што се одржувала забава, извршиле контрола на повеќе лица и возила. Притоа, во 22.00 часот од слобода биле лишени 19-годишната А.М. од село Теарце, тетовско, А.Т.(20 год) од Прилеп и Д.Т.(20 год) од Тетово затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази. Во 22.45 часот од слобода биле лишени И.Г.(29 год) и Ј.А.(20 год), двајцата од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. Додека, во 01.30 часот од слобода биле лишени Р.С.(30 год) и 32-годишната С.С., двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени одземени марихуана и амфетамин“ - соопштија од МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Tweet |