речник контакт

Уапсени седумина велешани во продолжение на Диригент

Некои се уапсени во градот други во Франкфурт. Дел за препродавање дрога, други за перење пари. Утре ќе бидат поднесени кривични пријави

Петар Печков

Шестнаесет лица од Македонија се осомничени дека се дел од „Франкфуртската мафија“. Од нив за шестмина постојат индиции дека се директно вклучени во препродавањето дрога, а останатите десет за перење пари.

Во акцијата која утрово беше спроведена уапсени се 12 лица. Едно лице веќе издржува казна затвор, додека по тројца се трага.

Изминатата година македонската полиција, во соработка со германската служба за борба против дрога – Франкфурт, работеше на обезбедување дополнителни докази за групите што се занимаваат со трговија на дрога. Последната акција опфаќа 50 лица, изјави Иво Котевски, помошник- министер за односи со јавноста во Министерството за внатрешни работи.

Од групата 35 се приведени во Франкфурт, 19 од нив се Македонци, а останатите се странски државјани.
Во тек се проверките на домовите и на фирмите на осомничените лица. Полицијата сè уште ја нема точната вредност на запленетата дрога ниту колку пари биле испрани преку ваквите незаконски дејствија.

Скопје, Штип, Свети Николе, Струга, Велес и Куманово се градовите во кои сè уште траат претресите на полицијата во повеќе домови и фирми на осомничените. Истовремено, акција се спроведува и во Германија.

Станува збор за модел на криминал сличен на тој што го правеше „Франкфуртската мафија“. Осомничените нелегално продавале дрога во повеќе градови во Германија, од каде што подоцна преку разни фирми, на нелегален начин, ги внесувале во Македонија.

Според досегашните сознанија на полицијата лицата работеле во три групи. Групите функционирале заедно, но и индивидуално.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »