Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 септември 2022
Тројца малолетници уапсени од полицијата, како се обидуваат да крадат во утрински часови, од автомобили, на главната улица во Велес. СВР Велес со повеќе детали.
„На 4 септември во 05.35 часот на ул.„8-ми Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода три малолетни лица од Велес. Тие биле затекнати при обид да извршат кражба во паркирани патнички возила и кај нив бил пронајден алат со кој требало да ги извршат делата“ - информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Tweet |