Петар Печков
Објавено: среда, 08 мај 2013
Утрово околу 5 часот Одделението за сузбивање на организиран криминал во Велес изведе акција на апсење на лица кои тие ги сомничат дека учествуваат во ланецот на перење пари од недозволена трговија со дрога.
Неофицијалните информации се дека се уапсени четири лица од гадот кои се веќе во Полициската станица Гази баба, каде има уште две други лица од Скопје и Штип. МВР најави дека повеќе детали од апсењето ќе достави во текот на денот или утре.
Во слични акции минатите години беа уапсени неколкумина помлади велешани , некои избегаа, на дел им се cуди, други беа пуштени.
Tweet |