Петар Печков
Објавено: недела, 25 август 2024
За време на одржување на забава на долна Бабуна, полицијата кај четири лица открила дека поседуваат дрога и сите биле уапсени. Деталите од информацијата на полицијата.
„Во периодот од 22.25 часот на 24.08. до 01.30 часот на 25.08.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Ј.А.(40 год) од Лозово, А.Т.(32 год) од Штип, Т.М. (32 год) од Скопје и Х.П.(37 год) од Скопје. При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја и зелена тревкаста материја“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните полицијата ќе поднесе соодветни поднесоци.
Tweet |