Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 септември 2026
Од билтенот на СВР Велес за изминатите 24 часа.
На 20 септември во 13:55 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ѓ.Ј.(22 год) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Панко Брашнаров“ во Велес бил сопрен мопед со велешки регистарски ознаки управуван од Ѓ.Ј. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување.
На 20 септември во 14:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.М.(19 год) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Луј Пастер“ во Велес, бил сопрен мопед „јамаха“ со велешки регистарски ознаки управуван од В.М. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување.
На 20 септември во 14:35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.У.(36 год) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил сопрен мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од С.У. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување.
На 20 септември во 15:00 часот полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 17-годишен малолетник од Велес во присуство на родител. Претходно, на улица „Луј Пастер“ во Велес бил сопрен мопед со велешки регистарски ознаки управуван од малолетникот и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување.
На 20 септември во 19:08 во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Л.(70 год) од Кавадарци. При сообраќајна контрола на улица „АСНОМ“ во Велес бил сопрен мопед со велешки регистарски ознаки управуван од П.Л. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта.
На 20 септември во 19:35 часот полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од Велес во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес. Претходно, на улица „Ангел Мишев“ во Велес бил сопрен мопед со велешки регистарски ознаки управуван од малолетникот и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување.
На 20 септември во 20:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.П.Т.(45 год) од Велес. При сообраќајна контрола на улица „Наум Наумовски Борче“ бил сопрен мопед со велешки регистарски ознаки управуван од К.П.Т. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал пред да се стекне со право на управување.
По насоки од јавен обвинител мопедот во сите случаи бил одземен и по документирање на настанот, порив лицата кои го управувале ќе биде поднесен соодветен поднесок.
| Tweet |




