речник контакт

Уапсено е лицето кое се сомничи дека го управувал мерцедесот и на пешачки прегази 11 годишно девојче

Истрага треба да открие дали А.Н. во моментите кога се случи несреќата, бил под дејство на алкохол, доколку и по 40 часа од настанот останале траги во неговата крв или урина. Или можеби бил под дејство на опијати

Петар Печков

А.Н. ( 29 год) на пладне е уапсен. Тој е осомничен  од полицијата дека е возачот кој со автомобил мерцедес, на пешачки премин прегази 11 годинашно девојче во Велес, кое задно со родители минувало на обележан премин. Тој  40 часа не беше достапен за истражните органи.

„Денеска во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29 годе) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истрага треба да открие дали осомничениот во моментите кога се случи несреќата, саботата 22,15ч. бил под дејство на алкохол, доколку и по 40 часа од настанот останале траги во неговата крв или урина. Или можеби бил под дејство на опијати.

Возилото бел мерцедес е предадено на техничко вештачење за да се утврди со која брзина управувал, а сведоците велат дека возел многу брзо.  Засега нема информации дали и како ќе одговараат  тројцата сопатници кои биле во возилото а кои исто така не се пријавиле и молчеле.

Не се открива дали и како токму А.М. е осомничен дека го управувал во критичните моменти. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »