Петар Печков
Објавено: петок, 06 ноември 2026
Велешката полиција уапсила лице кое требало да оди отслужување казна затвор, за сторена сообраќајка. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 5 ноември во 13:20 часот полициски службеници од СВР Велес го приведоа С.Г.(41 год) од Велес. Тој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување казна затвор во траење од 3 години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено поправна установа- затвор Идризово за издржување на казната“ – информираше Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
| Tweet |




