речник контакт

Уапсено лице од село Ореше, за кое постои сомнение дека го подметнал пожарот во планината

Трет ден гори пожар помеѓу селaта Ореше и Папрадиште

Петар Печков

Вчера, среда на пладне полицијата уапсила лице, за кое се соменва дека го предизвикало пожарот помеѓу ОИреше и Папрадиште, кој таму гори трет ден. Детали од информацијата на МВР.

„На 7 август  во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50 год) од село Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 6 август  околу 12.00 часот предизвикал пожар во реонот на село Папрадиште кон с.ело Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото“ – соопштија од МВР.  

За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност" по чл.288 од КЗ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »