Петар Печков
Објавено: четврток, 06 октомври 2022
Средата попладне, уапсено лице, од Лозово, кое превезувало мигранти. Се обидело а бега, но бил фатен од страна на полицијата. МВР со детали за настанот.
„На 5 октомври во 18.50 часот на регионален пат Удово - Демир Капија, во близина на село Градец, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(23 год ) од Лозово. Тој бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода“- соопштија од МВР.
При контролата во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно- транзитен центар за понатамошна постапка. М.А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Tweet |