речник контакт

Уапсено уште едно лице кое е осомничено за две разбојништва, одреден му е и притвор

У.Ф. разбојништвата го сторил во месноста Дворови и во стариот дел на градот, од левата страна. Во двата случаи тој физички ги нападнал двете беспомошни старици на 77 и 78 години.

Петар Печков

 Велешката полиција во текот на вчерашниот ден уапсило лице, кое го сомничат дека е сторител на две разбојништва, извршени во два одделни дела на градот. Едното во стариот дел  од левата страна на Велес второто во месноста Дворови.

„На 19.04.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода У.Ф.(32) од Велес. Tој се сомничи дека извршил две кривични дела „разбојништо“, и тоа на 06.03.2022 во куќа на ул.„Вера Циривири“ и на 05.04.2022 во куќа на ул.„Благој Нечев“ во Велес„ -соопштија од МВР.

Основното јaвно обвинителство Велес донело  ннаредба за спроведување истражна постапка против У.Ф. 32-годишен велешанец, осомничен за две кривични дела – Разбојништво .

„Осомничениот, на 6 март, дошол во куќата на 77-годишна жена и побарал од неа да му даде пари и храна. Во моментот кога оштетената го отворила паричникот и од него извадила 100 денари за да му ги даде, осомничениот три пати ја удрил со бокс во пределот на левата страна од лицето и ја турнал. Жената паднала на подот, а тој продолжил со клоци да ја удира по телото. Потоа и го одзел паричникот во кој оштетената имала уште 1.000 денари и веднаш избегал од местото на настанот.

На 5 април, осомничениот отишол во куќа во центарот на Велес каде живеела сама жена на возраст од 78 години. Преку преградниот ѕид се префрлил во дворот од куќата, па по скалите се качил на терасата од вториот кат и преку прозорецот влегол во куќата. Се симнал на долниот кат каде седела оштетената и од неа побарал пари. Откако оштетената му одговорила дека нема пари кај себе, тој ја турнал од креветот и ја удирал со клоци по телото и главата, нанесувајќи и телесни повреди.  Пребарувајќи низ куќата, го пронашол паричникот на оштетената во кој имало 1.000 денари, ги одзел парите и околу 20 литри ракија кои ги пронашол во домот, па си заминал„.

Јавниот обвинител до судија на претходна постапка поднел  предлог за определување притвор против осомничениот. Предлогот бил  прифатен и на осомниченото лице му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »