речник контакт

Убаво ми е

Варењето ракија, дел од велешката традиција

Петар Печков

Петнаесет години, секогаш во овој дел од годината, средината  на октомври на улица Оливер Китановски во куќата на Темелкови се вари ракија. Најнапред домаќинот, кој иако пред некоја година го продаде лозјето сепак ја   продолжува децениска традиција оставен од денес покојниот,   неговиот татко  Трајче. Додуша сега грозјето го купува а варењето ракија продолжува. 

Тој  40 години ја вареше ракијата  во казанот на  негови блиски, а последните 15 во сопствен казан.  Пред 15-тина години купи за да не  оди на друго место. Така продолжува традицијата, но и аманетот оставен од  татко ми – вели Тане.

По некое време на овој казан започнале да варат ракија  друштвото на  Леон, Сашко, Никола и Ѓоре. Тие се тука по две седмици во октомври секоја година, од 2000-тата година наваму . 

Печењето на ракија е повод за дружење. Наше мото е:   Колку е толку е наша е, и за убаво  да се пие. И  со добри и убави луѓе – објаснуваат казанџиите. 

Ракијата  е само за сопствени потреби,  ја вадат на 50 степени. Годинава   е нешто послабо, поради врнежите грозјето нема шеќер.  Тие се поздравуваат  со ,,Убаво ми е,,  поздравот е останат од сопственикот  Трајче и тие го знаат значењето. 

Казанот има капацитет од 100 оки,    има крато  со кое внимателно се мери јачината на алкохолот. Четворицата домаќини купуваа  по 1.200  грозје, кое исклучиво се користи за добивање ракија, вино никако. Тестото за лепење на капакот,  го подготвуваат сите, мерењето на јачината е  обврска на Ѓоре.

Додека беше жив татко ми кога вареше,  ќе речеше дојди види, и уште се раководам по неговите  совети.   Важно продолжен е  неговиот аманет за  работа  - објаснува домаќинот Тане. 

Традиционално уем  од еден казан  е едно шише ракија, иако трошоците се секоја година повисоки. Но важно е дружењето и традицијата да продолжи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »