речник контакт

Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, велешани со тројца пратеници во парламентот

ДПА со 101.123 гласа. ПЕИ доби 14.489 гласа.Обработените податоци укажуваат дека излезноста на ниво на државата е 57,45 отсто.Во третата изборна единица „За подобра Македонија\" има 112.155, „Сонце\" – 51.418, ДУИ – 2.710, ДПА – 554.

Петар Печков

И во новиот четиригодишен мандат велешани ќе ги претставуват тројца пратеници. Како и во изминатите две години, од страна на власта ќе бидат Илија Димовски и Горан Петров од ВМРО-ДПМНЕ, додека од опозициониот СДСМ ќе биде Марјан Николов. Ова се резултатите од неделното гласање, кога коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ забележа убедлива победа над коалицијата на СДСМ „Сонце“.

Според првичните податоци на ДИК, по преброените 98,49 отсто гласови, коалицијата „За подобра Македонија“ освои 479.219 гласови, а „Коалицијата за Европа – Сонце“ доби 231.978 гласови. Трета, според бројот на освоените гласови, е ДУИ со 109.940, а четврта е ДПА со 101.123 гласа. ПЕИ доби 14.489 гласа.Обработените податоци укажуваат дека излезноста на ниво на државата е 57,45 отсто.Во третата изборна единица „За подобра Македонија\" има 112.155, „Сонце\" – 51.418, ДУИ – 2.710, ДПА – 554.

Според Граѓанската асоција МОСТ таа не беше во можност да ги соопшти податоците од  гласањето  за изборните единици 1 и 6 поради инцидентите и нерегуларностите кои се случија таму. Одзивот на гласачите   во тројката,  излесноста е 60, 58 отсто. Според обработените податоци од ПВТ примерокот, распоредот на местата изгледа вака: \"Сонце\" во ИЕ 3 според информациите од МОСТ има 6 мандати, а коалицијата За подобра Македонија 14 мандати. Распоредот по број на пратеници, на државно ниво, засега никој не го објавува, но извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициони партнери ќе имаа повеќе од 61 пратеник.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »