Петар Печков
Објавено: среда, 18 мај 2022
Велешките ракометари во претпоследното коло од разигрувањето за Прва лига опстанок ја победија екипа на РК Кичево со 57:44 (23:18). Тоа беше ефикасен натпревар во која на без малку секоја минута паѓаа по два гола, или одбрана како и да немаше.
Сите седумина ракоемтри кои настапија во поел беа стрелци и постигнаа помеѓу 12 гола - Стојанов, 11 Гугуталиев, 10 Табаков, до 7 Ристовски, 6 Андовски и 5 Жаров. Стрелци не беа голманите Таневски и Манев. Идентична ситуација беше и кај гостите, голманите единствени не постигнаа гол.
Ова беше натпревар на две екипи соседи на табелата 4-то и 5-то пласираните. По ова 15-то коло ГРК Борец останува на четвртото место со 25 бода кое ќе го здржи до крајот. Во последното коло гостува во Штип на екипата на РК Текстилец која е 7-ма со 14 бода.
Tweet |