Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 декември 2016
Околу пладне на Којник, застрелан е со неколку истрели од пиштол Тоше Коцев (43 год) од Велес. Полицијата кратко информира дека имаат приведено едно лице, како можен сторител, по вооружена пресметка помеѓу две лица.
Пукањето се случило околу 14ч. а кога полицијата дошла околу 14,20 сторителот бил над застреланиот Коцев, кој во тие моменти бил жив. При апсењето не давал отпор. Соседите опишуваат што се случило, но никој не видел бидејќи се случило било во дворот од домот на Коцев, кој живее на улица Васил Ѓоргов бр. 47.
Слушнавме истрели мислам дека беа пет, од дворот на комшиите. Потоа видовме како Тоше излегува надвор пред вратата и друго лице, кое држеше пиштол во рака. Комшијата беше долу со многу крв во пределот на стомакот, овој со пиштолот над него. Дојде полиција за кратко време и го собра а повредениот го однесоа со кола на Брза помош во Болница – велат соседите, кои беа видно потресени од настанот. Од ЈЗУ Општа Болница Велес, информираа дека кај нив е донесен застрелан пациент во 14,40ч.
Лицето на возраст од 43 години, имаше повеќе прострелни рани во пределот на градите и стомакот.Имаше видливо крвавење, беше реанимиран и кога требаше да започне оперативниот зафат, тоа почина – изјави портпаролот д-р Петре Кодовски. На местото каде бил пронајден Коцев засега биле пронајдени пет чаури. Неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. За можен сторител на убиството уапсено е лицето Б.Ш. (31 год).
Тој со Тоше кај него дома цела ноќ беа заедно, до сабајлето, играа карти. Беа добри пријатели, живееја, не знам што било причината за вака да заврши нивното пријателство. Не можам да ја разберам причината зошто Тоше е застрелан – вели близок роднина на застреланиот Коцев.
На лице место се јавен обвинител, екипа на СВР Велес а се чека да пристигне форензичка екипа од Скопје.
Tweet |