Петар Печков
Објавено: четврток, 04 декември 2014
Постојат сомневања дека момче од Бузалково е убиено во Велес. Според МВР во 12,30 ч. пронајдено е лице кое било со два убоди од нож пределот на градите, констатирале докторите при обдукцијата. Полицијата повеќе информации најави за утре, петок. Според блиските на пронајдениот станува збор за А.С . (22 год) од село Бузалково.
Момчето во текот на вторникот било во Велес, но не се вратило дома. По ова неговиот татко, денес дошол да види каде е синот. Околу пладне, дошол и на плацот каде до пред некоја година продаваа дрва за огрев. Го пронашол во камп приколката. Чудно е што бил таму, оти е ладно и сигурно дека не спиел тука. Во овој период од годината, кога момчето доаѓаше во Велес, се враќаше во Бузалково, не спиеше во објектот, оти нема греење - вели близок роднина на А.С.
На местото каде е пронајдено телото , во близина на Киро Ќучук и Ветеринарната станциа, во камп приколка ,,Треска,, имаше увидна екипа на СВР Велес која го пребаруваше теренот, форензетичари од Скопје и јавен обвинител.
Tweet |