речник контакт

Убиство во Долно Караслари

Притвор за три лица, мајка и два сина

Петар Печков

Во неделата на Водици во велешко Долно Караслари според СВР Велес се случило убиство, за кое  како сторители на делото врз  сопругот и татко, се сомничат мајката и двата сина. 

На 19 јануари  М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство. Јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото. По извршената обдукција на телото, утврдено е дека смртта настапила како последица на задушување на лицето, по што, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Велес се преземени мерки и активности за расчистување на случајот. На 24 јануари во Полициската станица во Велес приведени се  И.Т.(20). Д.Т.(28) и М.Т.(49) од село Долно Караслари – велешко поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство врз нивниот татко и сопруг З.Т. (58 ) – информираше Верољуб Додески портпарол на СВР Велес. 

По обезбедните докази, полицијата  ги  предала  на  Основно јавно обвинителство Велес, по што биле  изнесени пред судија на претходна постапка во Основен суд – Велес, каде судијата им одредил мерка  краткотраен притвор од 48 часа. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »