Петар Печков
Објавено: вторник, 13 јуни 2023
Вчера, понедленик попладне, во селото Подлес се случило убиство. Поради нерасчистени меѓусебни односи, едно лице е застрелано со смртни последици а второто со прострелни рани е пренесено во велешка болница.
„На 12.06.2023 во село Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.И.(61 год ) од село Подлес. Околу 16.10 часот пред неговата куќа, тој, по претходна расправија, од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон М.Д.(42год) и М.В.(44 год), двајцата од Велес. Пиштолот кој го поседувал бил без дозвола, е пронајден и одземен. С.И. е задржан во полициска станица “ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Борбата за живот на двете лица била во амбулантата во Градско. М.Д. бил во шокова состојба, екипата на Итната помош од Велес му давала неопходна и потребна здравена помош а тамошната докторка д-р Жанета Чаушевска му давала помош на второто застрелано лице.
„За жал и покрај пружената помош М.Д. почина додека второто застрелано лице беше пренесено на хирургија во болница Велес“ - соопштија од Итната помош.
„Повредениот има прострелна рана на надколеница, дадена му е неопходна помош и се наоѓа на лекување во велешка болница“ - соопштија од Општа Болници Велес.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Tweet |