Петар Печков
Објавено: вторник, 16 мај 2023
Меѓу соседска нетрпеливост причина за убиството во Демир Капија, вака соседите ја објаснуваат причината за смртта на двајца нивни сограѓани. Повозрасниот жител на Демир Капија претходно го пријавувал младиот сосед за тропање од горе во зградата во која живееле. Двајцата утрово биле пронајдени со прострелни рани во нивните домови. Според првичните информации, најверојатно 72-годишниот маж прво го убил соседот, па се самоубил.
„Последното пријавување за тропање е на 19 јануари годинава. Повозрасниот го пријавил помладиот, со поплака за тропање. Тие имале нарушени меѓусоседски односи, без некои инциденти и без контакти. Помладиот бил повикан и бил предупреден, како што е ред, кога има поплака во смисла на тоа дека треба да се смират. Бил извршен разговор со него и тепачки никогаш немале“, појаснуваат од МВР.
Претходно МВР излезе официјално со информации за овој настан.
„Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34 год) и М.К.(72 год), двајцата од Демир Капија. Oд увидот и извршените разговори со повеќе лица било констатирано дека М.К. прво пукал со пиштол во неговиот сосед Б.М. и го усмртил, а потоа извршил самоубиство. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, соопштија од МВР.
Помладиот демиркапиец се уште немал оформено свое семејство, повозрасниот минувал низ тежок период и се соочувал со болест на близок член во фамилијата.
Tweet |